Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов присуствуваше на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои “, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, под покровителство на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.
Во своето обраќање пред пред присутните Андонов истакна дека оваа меморијална манифестација претставува наш длабок поклон кон херојското дело и саможртвата на припадниците на македонските безбедносни сили кои ги положија своите животи во одбрана на нашата заедничка татковина Република Македонија.
-Благодарение на правилните одлуки на Владата на Република Македонија, професионалниот пристап на МВР и храброста, одлучноста и пожртвуваноста на нашите безбедносни сили и нашите херои, беше избегнато влегување во спиралата на конфликти од несогледиви размери и ужасни последици врз граѓаните и државата. Иако во минатото бевме сведоци кога нашата сериозна и одговорна работа за одбрана на државата беше деградирана и омаловажувана до степен на навреда, а тешките и сложени акции проследени со човечки жртви беа окарактеризирани како несериозна политича игра или детска забава, ние ќе продолжиме со нашиот професионален и одговорен пристап во насока на заштитата на мирот и безбедноста на сите граѓани на Република Македонија. Крајно време е да го отфрлиме духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес, рече Андонов.
Тој посочи дека е крајно време да се отфрли духот на поделбите, нетрпеливоста и омразата кон политичкиот противник и конечно да се помириме и да се сплотиме околу државниот интерес.
На турнирот учествуваат 12 екипи, кои своето учество го обезбедија преку локалните турнири низ општините во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.