| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно: Рација во „фабрика за деца“ во Нигерија

Nigerija17 бремени тинејџерки и 11 новороденчиња се спасени од куќа во Нигерија каде биле држени, соопшти полицијата, Девојчињата раскажувале дека добивале храна еднаш дневно, а не смеел да излезат. Сите биле бремени од еден 23 годишен маж, кој бил уапсен, пренесуваат странските агенции.

Ваквите „фабрики за деца“ не се реткост во Нигерија. ЕУ и порано укажувала дека Нигерија и Кина се најголемиот извор на деца за европскиот црн пазар каде се присилени на проституција. Според податоци од 2011 цена на едно дете стигнува до 6400 долари.

Сиромашни немажени жени во Нигерија имаат тешка судбина, а очајни тинејџерки кои остануваат непланирано бремени се присилувани да одат на „клиники“ каде ги раѓаат децата и ги остават. Децата потоа се продаваат за усвојување, работа, проституција, но и ги убиваат заради органи кои ги користат за „магиски“ ритуали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top