Силна експлозија одекна во центарот на Будимпешта и во тој дел се итно распоредени јаки полициски сили, јавуваат светските медиуми. Според првичните информации има повредени, а засега не е позната причината за експлозијата.
This is the site of the blast, couple of people are on the floor.People are taking care of the injured. Can’t see more#Budapest #explosion pic.twitter.com/RuCTZinNN3
— Jkv (@climbingjonny) September 24, 2016
Снимките од местото на настанот прикажуваат присуство на голем број припадници на полицијата, на крстосницата Октогон, а очевидсци наведуваат дека има и жртви.
Најмалку две лица се префрлени во болница, а се претпоставува дека се работи за полицајци, јавуваат локалните медиуми.
Explosion heard in #Budapest, here’s the scene now. #Hungary pic.twitter.com/Y9IyN0MR4d
— Mikhail D. (@Eire_QC) September 24, 2016
Унгарскиот „Блик“ наведува дека експлозијата се случила во приземјето на една деловна зграда Се истакнува дека од експлозијата испукале стаклата на околните згради. Весникот додава дека „неколку осомничени лица избегале од местото на настанот по експлозијата“ и дека ова полицијата се уште не го потврдила.
Large explosion in central #Budapest, #Hungary pic.twitter.com/2ootk6BPdx
— Cloud News (@cloudnews7) September 24, 2016
Околните пабови и ресторани се евакуирани, а на госитте на хотелот во близина не им е дозволено да излегуваат на улица.
Експлозијата предизвикала и пожар, но е локализиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.