Манчестер јунајтед попладнево го „нокаутира“ актуелниот шампион Лестер со 4-1, а менаџерот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо, е задоволен од триумфот на неговиот тим, додавајќи дека победата можела да биде и поубедлива.
„Одличната игра ни донесе добар резултат. Не беше лесно, но победивме со стил. Сакавме повеќе, но Раниери се затвори во второто полувреме. Претходно изгубивме шест бода, а оваа победа е многу важна. Денеска игравме за навивачите“ – истакна Мурињо.
Стрелци за „ѓаволите“ беа Смолинг, Мата, Рашфорд и скапото засилување од Јувентус, Пол Погба, кој стрелаше во 42. минута од натпреварот. За Лестер единствениот погодок го постигна Демарај Греј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.