Во општина Куманово денеска беше пуштен во употреба тенискиот центар „23 Октомври“ во рамки на Спортскиот центар во Куманово. Се работи за четири тениски терен, инвестиција во вредност од 19,1 милиони денари и е дел од проектот на Владата, реализиран преку Агенцијата за млади и спорт (АМС) за изградба на 120 тениски терени низ целата држава.
На пуштањето во употреба присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Груевски потсети дека пред две и пол години се заврши мултифункционалното игралиште во Куманово, а за следната година се планира уште едно мултифункционалното игралиште и изградба на фитнес зони на отворено.
– Кога станува збор за фитнес зоните, речиси половина од нив, десет од ветените, ќе бидат завршени оваа година. Пет се веќе завршени уште пет се во изработка, а другите десет ќе бидат завршени следната година. Куманово ќе биде во првата половина на следната година со завршена фитнес зона на отворено, рече Груевски.
Тој потенцира дека има континуитет во инвестирање во спортски објекти и објекти за спортска рекреација на младите и на сите останати кои сакаат да рекреираат.
– Она што го имаме ветено во програмата на спортски план, редовно го остваруваме, рече Груевски.
Директорот на АМС Спасески соопшти дека досега се изградени вкупно 83 тениски терени во целата држава, а девет тениски терени се во фаза на градба. Очекува до крајот на годината да се заокружи процесот на градба на околу 90 тениски терени.
– АМС во изминативе неколку години во континуитет гради и инвестира во подобрување на спортската инфраструктура во Куманово. Досега само преку Агенцијата за млади и спорт инвестирани се вкупно 52 милиони денари за изградба на спортската сала „Панко Брашнаров“, за изградба на повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „11 Октомври“ и за изгрдба на овие четири тениски терени, рече Спасески.
Од следната година ќе се градат уште едно повеќенаменско игралиште, една фитнес зона, еден скејт парк и четири игралишта за стрит баскет.
Спасески објасни дека согласно законот и процедурите кои досега се имплементирани од АМС, сите спортски објекти кои ги гради Владата преку АМС се даваат во сопственост на општините, кои имаат обврска домаќински и одговорно да стопанисуваат со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски