| четврток, 6 декември 2018 |

Teшка железничка несреќа кај Битола, загина едно лице

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила кај Битола. До несреќата дошло откако такси-возило управувано од 56-годишен битолчанец удрило патнички воз на железничката пруга Битола – Скопје. Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top