| четврток, 6 декември 2018 |

Инстаграм ја забрани оваа фотографија на Моника Белучи

Пред две недели Моника Белучи објави на Инстаграм своја жешка фотографија, која набрзо ја снема од нејзиниот профил. Имено,51 годишната актерка, која плени со својата убавина и младешки изглед, се пофали со еротска фотографија на која гола плива во базен.
На фотографијата се гледаат градите, што Инстаграм оцени дека е премногу секси, па ја отстрани од социјалната мрежа. Сепак, фотографот Фред Мејлан реши повторно да ја сподели, овој пат во цензурирано издание. Чудно е зошто челниците на социјалната мрежа одлучија да ја тргнат оваа не толку вулгарна фотографија од Белучи, кога на Инстаграм може да се сретнат и поголеми перверзии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top