Џенифер Лопез и Алекс Родригез се парот кој оваа година беа во центарот на вниманието со нивната љубов и многу заеднички појавувања.
А сега, тие се подготвуваат за празничната сезона која за првпат ќе ја прослават заеднички како пар.
Во вторникот, Џеј Ло и Алекс беа празнично расположени и објавија фотки на Инстаграм од украсувањето на новогодишната елка заедно со децата.
Во удобен и пријатен аутфит, 48-годишната пејачка блеска покрај нејзините најсакани и очигледно сите уживале во новогодишната атмосфера која ја создале во домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.