| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ однапред ги призна изборите во декември – потпиша идентичен Избирачки список

Не можам да разберам како сега тоа го направи СДСМ, да си ги погази сите оние зборови со кои ја бранеше својата постапка да не влезат во Собрание, да ги бојкотираат изборите, вели во изјава на РСМ пратеничката Солза Грчева.

-Да после се’ направите едно вакво салто мортале, не ми е јасно навистина. Со ова си ги признаа сите избори наназад, но уште пострашно, си ги признаа и однапред изборите во 2016-та година. Сега веќе нема да има отстапки, сега веќе нема да можат да речат овие избори нема да ги признаеме, има изборен фалсификат, рече Грчева.

Таа нагласи дека СДСМ потпишале идентичен избирачки список и ќе им должат ако не на сите граѓани, тогаш на нивното членство ќе му должат одговор на 12-ти декември зошто тоа го сториле.

Грчева како гром од ведро небо го коментира ставот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за воведување двојазичност на целата територија.

„Мене ми дојде како гром од ведро небо, како оној скопски земјотрес, изјавата на лидерот на СДСМ дека нема никаков проблем да се воведе двојазичност во цела Македонија. Да се редефинира Уставот? Да се отвори Рамковниот договор? Тоа е една опасна теза. Тој веќе не крие дека игра на албанското гласачко тело. Јас немам ништо против во секоја партија да има лица од сите етникуми. Но оваа трговија, со толкав број гласачи, тоа ќе донесе до големи промени во изгледот и структурата на нашето општество. Од тоа се плашам навистина. Дали ќе донесе толку гласачи? Сепак не верувам бидејќи тоа би било погубно за Р.Македонија поради концесиите на кои е подготвен СДСМ“,вели во изјавата на РСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top