| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Јанева нема капацитет, СДСМ остана и без последната надеж во борбата за власт

Илија Димовски жестоко се обрати до колегите од СДСМ на Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија со цел да го спречи сценариото на пратениците на СДСМ кои што преку процедурални забелешки требаше да го трошат времето на комисијата, а со самото тоа Катица Јанева да добива се помалку прашања од мнозинството.

-Сега следи операција бегство. Наместо пратениците да имаат време да прашуваат и Јанева да одговара, сега влегуваме во операција бегство којашто значи госпоѓата Јанева да ќути, а као нешто сега ние процедурално ќе се расправаме и ќе го трошиме времето. Граѓаните на Република Македонија овие неколку денови разбраа колку институцијата СЈО ниту има концепт, ниту има професионалност, ниту има непристрасност, ниту знае што треба да работи. Госпоѓата Јанева призна дека не се комплетни предметите. Тоа професор од правен факултет го разбрал и крева паника. И мене тоа ми е совршено јасно, истакна Димовски.

Димовски додаде дека овие три дена комплетно се покажа неспособноста на СЈО и Катица Јанева да помогне да се реши политичката криза и дека таа е само последната надеж на СДСМ за на било каков начин да дојдат на власт.

-Вам ви е совршено јасно дека единствената надеж на СДСМ дека можеби ќе се добере до власт е после ова политичко рекетирање и политичко насилство спрема Република Македонија, единствената надеж СЈО ви се протнува како риба низ раце, се губи затоа што нема ниту капацитет, ниту сила, ниту докази. Госпоѓата Јанева вели дека сака да седи и да одговара, вие велите не, нека си оди. Дали разбирате што ѝ правите на госпоѓата Јанева, праша Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top