Првенецот на Операта при МОБ, Ѓорѓи Цуцковски, е новиот музички селектор на фестивалот „Охридско Лето“ кој доаѓа на местото на Гордана Јосифова Неделковска, која 10 години успешно ја водеше оваа функција, потврдуваат од министерството за култура и од менаџментот на фестивалот.
Со одлука на директорот на фестивалот, Оливер Арсовски, промена има и на функцијата драмски селектор на фестивалот. Наместо досегашниот селектор, Ѓорѓи Јолески оваа функција во иднина ќе ја врши актерот Зоран Љутков.
Од „Охридско лето“ информираат дека подготовката на програмата за 2017 е при крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“