| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ ќе го исплати Ибрахимовиќ кога тој ќе го намири долгот

PSG vs Olympique Marseille

Еден од најбогатите спортски колективи во светот, фудбалскиот тим Пари Сен Жермен се огласи по заканите на Златан Ибрахимовиќ дека ќе ги тужи поради неисплатените обврски.

Весникот „Лекип“ во своето денешно издание објави дека и ПСЖ очекува пари од Ибрахимовиќ, од данокот што клубот го платил за него уште пред извесно време.

– Златан Ибрахимовиќ му должи пари на ПСЖ веќе четири години. Станува збор за сума што францускиот клуб ја плати на италијанските даночници уште при трансферот од 2012 година, пари што требаше да ги плати Ибрахимовиќ, но со образложение дека заборавил клубот му излезе во пресрет – пишува „Лекип“.

Раководството на ПСЖ е цврсто решено дека е во право и му порача на Ибракадабра дека ќе ги добие побарувањата откако ќе ги исполни обврските кон францускиот првак.

– Ние имаме и писмен документ со кој Златан се обврза да ги врати тие пари, но сѐ уште го нема сторено тоа. Сумата што ја должи е истата онаа што тој ја побарува од нас, па кога тој ќе ни ги врати парите што ни ги должи, ние ќе му ги исплатиме последните 30% од платата – порачуваат челниците на „светците“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top