| четврток, 6 декември 2018 |

Поразот на СДСМ е сигурен, прашањето е дали кризата ќе продолжи

На око­лу 80 де­на пред нај­но­ви­те, че­твр­ти по ред, пред­вре­ме­ни из­бо­ри глав­но­то пра­ша­ње и цен­трал­на­та не­из­вес­ност кај гра­ѓа­ни­те не се од­не­су­ва­ат на по­бед­ни­кот од на­род­но­то из­јас­ну­ва­ње, ту­ку на мож­но­сти­те од но­ва кри­за по не­го. И од­не­су­ва­ње­то на стран­ци­те (про­рет­чи­ја отво­ре­ни­те на­па­ди про­тив ВМРО-ДПМНЕ зна­еј­ќи де­ка ќе тре­ба да со­ра­бо­ту­ва­ат со ста­ро-но­ва­та вла­да), и од­не­су­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та (на­ма­ле­ни се по­бед­нич­ки­те воск­ли­ци, за­ка­ни­те и енер­ги­ја ка­ква што има­ше по лан­ски­те „бом­би“ и про­те­сти­те), и на­ма­лу­ва­ње­то на омра­за­та на ули­ца и на со­ци­јал­ни­те мре­жи (ко­ја ла­ни мо­же­ше да до­ве­де до кр­во­про­ле­ва­ње) по­ка­жу­ва­ат де­ка на си­те им е јас­но кој ќе по­бе­ди на 11 де­кем­ври

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ма­ке­дон­ска­та из­бор­на ра­вен­ка е не­поз­на­та са­мо во де­лот за раз­ли­ка­та ме­ѓу по­бед­ни­кот и вто­роп­ла­си­ра­на­та пар­ти­ја, не­што што е ка­ра­кте­ри­сти­ка на си­те из­бор­ни цик­лу­си од 2008 го­ди­на на­ва­му и, пред сѐ, во од­нос на по­стиз­бор­но­то сце­на­рио. Ре­чи­си е си­гур­но де­ка по­ра­зе­ни­от, кој спо­ред си­те ана­ли­зи ќе би­де СДСМ, не­ма мир­но да го при­фа­ти ре­зул­та­тот, што не­кол­ку па­ти бе­ше по­ра­ча­но и од опо­зи­ци­ски­те акти­ви­сти. Про­мо­ви­рај­ќи го мо­то­то „Ако по­бе­ди­ме, из­бо­ри­те се фер, ако за­гу­би­ме, ре­зул­та­ти­те се фал­си­фи­ку­ва­ни“, опо­зи­ци­ја­та јас­но ни по­ра­ча де­ка во Ма­ке­до­ни­ја под при­ти­сок на стран­ци­те ќе се одр­жат из­бо­ри, но тие не се га­ран­ци­ја за за­вр­шу­ва­ње на кри­за­та.

За­тоа, ако стран­ци­те на­ви­сти­на са­ка­ат ста­бил­на и прос­пе­ри­тет­на Ма­ке­до­ни­ја ко­ја ќе оди на­пред без да заг­ла­ву­ва во кал на се­кои 6 ме­се­ци, мо­ра да ини­ци­ра­ат уште еден до­го­вор. Да­ли ќе би­де пот­пи­шан во Пр­жи­но, на Вод­но или во Стру­ми­ца во­оп­што не е важ­но. Нај­важ­но е си­те пар­тии да се об­вр­зат да ги при­фа­тат из­бор­ни­те ре­зул­та­ти и да поч­нат да ра­бо­тат на ста­би­ли­зи­ра­ње на со­стој­би­те. Пред сѐ, стран­ци­те мо­ра да ини­ци­ра­ат ме­ха­низ­ми со кои ќе се спре­чи по­ра­зе­ни­от да про­дол­жи да ја де­ста­би­ли­зи­ра др­жа­ва­та со бло­ка­да на ин­сти­ту­ци­и­те, бој­кот на пар­ла­мен­тот и улич­на де­мо­кра­ти­ја. До­кол­ку не се слу­чи тоа, ком­би­на­ци­ја­та од но­ви че­ти­ри го­ди­ни во опо­зи­ци­ја и три­ум­фа­лиз­мот кај по­бед­ни­кот мо­же да до­ве­де до тен­зи­ја ка­ква што не­ма­ло до­се­га. Ма­ке­до­ни­ја по кри­за­та што поч­на со „цр­ни­от по­не­дел­ник“, а кул­ми­ни­ра­ше со „бом­би­те“, ед­но­став­но, ве­ќе не мо­же да си го доз­во­ли тоа.

Об­је­ктив­но, под­го­тву­ва­ње­то али­би за по­ра­зот е ло­ги­чен ре­дос­лед на окол­но­сти­те на „Па­вел Ша­тев“ за­тоа што и на мно­гу по­сил­ни и по­ор­га­ни­зи­ра­ни пар­тии од СДСМ ќе им би­де те­шко да на­пра­ват дра­ма­ти­чен че­кор на­пред од бле­ди­те из­бор­ни ре­зул­та­ти со кои се со­о­чу­ва­ат од 2006 го­ди­на. Во зем­ја ка­ко Ма­ке­до­ни­ја, во ко­ја во овие 25 го­ди­ни нај­го­лем дел од лу­ѓе­то се по­де­ле­ни на по­ли­тич­ка ос­но­ва, на­ви­сти­на е те­шко да се освои сим­па­ти­ја­та на не­ко­ја по­го­ле­ма ка­те­го­ри­ја гра­ѓа­ни. Ако се ана­ли­зи­ра бро­јот на не­о­пре­де­ле­ни­те, ќе се дој­де до број­ка од око­лу 100 ил­ја­ди лу­ѓе што се во­дат ка­ко не­о­пре­де­ле­ни пред из­бо­ри­те, а кои ре­ал­но из­ле­гу­ва­ат на гла­са­ње. Таа број­ка не мо­же да го про­ме­ни од­но­сот на си­ли­те ме­ѓу две­те нај­го­ле­ми по­ли­тич­ки пар­тии и по­ра­ди тоа што таа не гла­са иск­лу­чи­во за ед­на пар­ти­ја, ка­ко што нѐ убе­ду­ва­ат екс­пер­ти­те на опо­зи­ци­ја­та пред се­кој из­бо­рен цик­лус. Во Ма­ке­до­ни­ја не ва­жи пра­ви­ло­то спо­ред кое тие што мол­чат пред из­бо­ри гла­са­ат за опо­зи­ци­ја, на­про­тив, спо­ред пос­лед­ни­те из­бо­ри, по­го­лем дел од таа ка­те­го­ри­ја гра­ѓа­ни гла­са­ле за ВМРО-ДПМНЕ.

Ли­де­рот на СДСМ го знае овој тренд и за­тоа се оби­ду­ва да го сме­ни те­кот на исто­ри­ја­та и на по­ли­тич­ка­та пра­кти­ка со ан­гаж­ман кај единс­тве­на­та гру­па што има ка­ква би­ло моќ за да му по­мог­не во би­тка­та со ВМРО-ДПМНЕ. Трг­на по умот на срп­ски­те стра­те­зи и вле­зе во ри­зич­на би­тка за ал­бан­ски гла­со­ви за ко­ја и ма­ал­ски­те ама­тер­ски по­ли­ти­ча­ри ќе ви ка­жат де­ка е од­на­пред за­гу­бе­на би­тка. Ако За­ев са­ка да на­пра­ви ре­во­лу­ци­ја во по­ли­тич­ка­та исто­ри­ја, оби­дот да да­де кон­це­сии на ал­бан­ски­те гла­са­чи со те­зи­те за дво­ја­зич­ност му е на ме­сто, мо­же да би­де пр­ви­от што тр­гу­вал со устав­на ка­те­го­ри­ја за да до­бие под­др­шка. Но, освен во не­го­ва­та кра­тка би­о­гра­фи­ја ка­де што ќе мо­же да на­пи­ше де­ка се оби­дел де­ца­та Ал­бан­чи­ња што учат сол­феж во При­леп и во Стру­ми­ца да мо­жат да ги пи­шу­ва­ат но­ти­те на ал­бан­ски ја­зик, ќе не­ма ме­сто за по­ли­тич­ки ус­пех.

kol212-2

На су­нет си­те, гла­со­ви са­мо за на­ши­те

На За­ев тре­ба да му е со­вр­ше­но јас­но де­ка, освен ако не­ма кон­кре­тен до­го­вор ме­ѓу две по­ли­тич­ки пар­тии во кој дел од тр­го­ви­ја­та се гла­со­ви­те на пар­ти­ски­те чле­но­ви, а не обич­ни­те гра­ѓа­ни, во Ма­ке­до­ни­ја не се слу­чи­ло Ал­ба­нец да гла­са за ма­ке­дон­ски по­ли­тич­ки суб­јект. Во обрат­ни­от пра­вец има­ло са­мо еден зна­ча­ен при­мер во кој Ма­ке­дон­ци­те, по­ве­де­ни од сла­тко­ре­чи­во­ста и од пре­фи­не­то­ста, во 2009 го­ди­на гла­саа за Имер Сел­ма­ни на из­бо­ри­те за пре­тсе­да­тел, но отка­ко се ви­де де­ка Сел­ма­ни поч­на да ко­ке­ти­ра со на­ци­о­на­ли­стич­ки и со вер­ски по­ли­тич­ки те­зи, тој, а и се­кој на­ре­ден ал­бан­ски по­ли­ти­чар, ја из­гу­би мож­но­ста да до­бие по­го­лем број ма­ке­дон­ски гла­со­ви.

По­дел­ба­та ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те е ста­ве­на во ми­ру­ва­ње по­ра­ди уште по­го­ле­ма­та по­дел­ба во ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки блок, но таа по­стои и ќе по­стои. Во ме­ѓу­вре­ме не се слу­чи ни­ка­ква дра­ма­тич­на про­ме­на за За­ев да се на­де­ва де­ка Ал­бан­ци­те ќе гла­са­ат за Ма­ке­дон­ци­те. Освен ако За­ев не го ко­ри­сти ко­оп­ти­ра­ње­то на Ал­бан­ци­те во нај­ви­со­ки­те ор­га­ни на пар­ти­ја­та ка­ко али­би за след­ни­от по­раз, не­го­ви­те че­ко­ри во пра­вец на приб­ли­жу­ва­ње до ал­бан­ски­от гла­сач се ја­ло­ви.

Уште по­ве­ќе за­тоа што до пред са­мо пет­на­е­се­ти­на ме­се­ци во си­те те­ла на СДСМ не­ма­ше ни­ту Ал­бан­ци, а бо­га­ми, ни­ту Ма­ке­дон­ци мус­ли­ма­ни, Тур­ци, Ро­ми и при­пад­ни­ци на дру­ги­те мал­цинс­тва. Не­ре­ал­но, ду­ри и по­ли­тич­ки на­ив­но, е да се мис­ли де­ка со вле­зот на Ед­монд Аде­ми и на Му­ха­мед Зе­ки­ри Ал­бан­ци­те одед­наш ќе из­ле­зат од сво­и­те де­це­ни­ски стра­во­ви и не­до­вер­би и ќе гла­са­ат за За­ев, па ду­ри и ако на­ви­ва за Шкен­ди­ја, чи­и­што на­ви­ва­чи со умот се во Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, а не во Ма­ке­до­ни­ја.

kol212-3

Ве­ти им и за­бо­ра­ви ги по из­бо­ри

До­пол­ни­тел­но за Зо­ран За­ев и за СДСМ е проб­лем тоа што и Ал­бан­ци­те са­ка­ат да ви­дат кон­крет­ни пла­но­ви, че­ко­ри, про­е­кти со кои нив­ни­от жи­вот ќе ста­не по­до­бар. Фло­ску­ли­те ќе на­пра­ви­ме ва­ка, ќе на­пра­ви­ме та­ка, ќе го ур­не­ме ре­жи­мот, за сло­бод­на Ма­ке­до­ни­ја не па­лат ни­ту кај Ал­бан­ци­те, ни­ту кај Ма­ке­дон­ци­те, ни­ту кај кој би­ло друг. Гла­са­чи­те са­ка­ат да ви­дат ак­ци­ја та­му ка­де што е по­треб­на и во тој пог­лед За­ев се прет­ста­ву­ва за мо­де­рен по­ли­ти­чар за­тоа што оти­шол на су­нет во Ара­чи­но­во. Во ре­ал­ни­от жи­вот и во по­ли­ти­ка­та ве­ќе не ва­жи пра­ви­ло­то „Ве­ти им и за­бо­ра­ви ги по из­бо­ри“. Лу­ѓе­то се на­вик­наа да им би­дат ис­пол­не­ти нај­го­ле­ми­от дел од ве­ту­ва­ња­та и праз­ни­те по­ли­тич­ки фра­зи ве­ќе не ва­жат.

Пре­ку при­ме­рот на скоп­ски­от гра­до­на­чал­ник Ко­це Тра­ја­нов­ски и на гра­до­на­чал­ни­кот на Га­зи Ба­ба, То­ни Трај­ков­ски, За­ев нај­до­бро мо­же да ви­ди ка­ко функ­ци­о­ни­ра­ат по­ли­тич­ка­та и ет­нич­ка­та ре­ал­ност во Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко нај­го­ле­ми­от дел од гра­ѓа­ни­те што се ин­фор­ми­ра­ат пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи сме­та­ат де­ка скоп­ски­от град­ски та­тко не мо­же да се доб­ли­жи до се­ло­то Син­ге­лиќ од ка­де што бе­ше из­бр­кан од не­кол­ку на­сил­ни­ци по ка­та­стро­фал­ни­те поп­ла­ви, нај­го­ле­ми­от дел од ло­кал­ни­те жи­те­ли Ал­бан­ци ни­ко­гаш не­ма да го за­бо­ра­ват тоа што Тра­ја­нов­ски и Трај­ков­ски го сто­ри­ја за нив ве­чер­та на 6 август. Тра­ја­нов­ски и Трај­ков­ски то­гаш беа пр­ви­те што по пол­ноќ, за­ед­но со спе­ци­јал­ци­те на МВР и на АРМ, дој­доа во се­ло­то и ја ко­ор­ди­ни­раа ак­ци­ја­та за спа­су­ва­ње на заг­ла­ве­ни­те гра­ѓа­ни. Раз­го­ва­рај­ќи со мо­и­те ком­шии (авто­рот жи­вее на сто­ти­на ме­три од нај­го­ле­ми­от удар на во­де­ни­от бран), тие ве­лат де­ка за Ко­це и То­ни би на­пра­ви­ле сѐ во знак на бла­го­дар­ност за спа­се­ни­те жи­во­ти. Се­пак, на пра­ша­ње­то да­ли ќе гла­са­ат­ за нив на из­бо­ри­те, од­го­во­рот бе­ше: „Ком­ши­ја, не пре­те­ру­вај“.

Ако овој при­мер не му е до­во­лен на За­ев, тре­ба да се по­тсе­ти и на искус­тво­то на по­ра­неш­ни­от сопс­тве­ник на „А1 те­ле­ви­зи­ја“, Ве­ли­ја Рам­ков­ски, кој на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2006 го­ди­на бе­ше уве­рен де­ка ќе освои сто­ти­на ил­ја­ди гла­со­ви со под­др­шка­та од А1 за не­го­ва­та пар­ти­ја ПЕО. По­доц­на са­ми­от тој приз­на де­ка нај­го­ле­ми­от број од тие што му ве­ту­ва­ле де­ка ќе гла­са­ат за не­го, не го сто­ри­ле тоа. Одре­де­ни ана­ли­зи по­ка­жаа де­ка нај­го­лем број од гла­со­ви­те за не­го дош­ле од сре­ди­ни ка­де што не жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци, ту­ку при­пад­ни­ци на дру­ги­те мал­цинс­тва во пре­теж­но мус­ли­ман­ска ре­ли­ги­ја иа­ко са­ми­от Рам­ков­ски сво­ја­та кам­па­ња ја ба­зи­ра­ње на гра­ѓан­ска, а не вер­ска пла­тфор­ма.

 

Без стру­кту­ра не­ма по­бе­да

Не се са­мо овие проб­ле­ми­те со кои ќе се со­о­чи СДСМ до 11 де­кем­ври. Еден од по­го­ле­ми­те проб­ле­ми е не­до­сти­гот од пар­ти­ска стру­кту­ра ко­ја во на­ред­ни­те 80 де­на ќе ја „пре­о­ра“ Ма­ке­до­ни­ја и, уште по­важ­но, пре­циз­но ќе ги ела­бо­ри­ра кон­крет­ни­те за­фа­ти на­со­че­ни за пре­циз­но утвр­де­ни ка­те­го­рии гра­ѓа­ни. Клу­чен фа­ктор ту­ка е ма­ли­от број гра­до­на­чал­ни­ци од ре­до­ви­те на СДСМ кои би ги по­мог­на­ле овие про­е­кти со лу­ѓе и со па­ри за­тоа што без пар­ти­ска стру­кту­ра во гра­до­ви­те, осо­бе­но во вна­треш­но­ста, ре­чи­си е не­воз­мож­но да му се спро­тив­ста­ви­те на ВМРО-ДПМНЕ и на не­го­ва­та пер­ма­нент­на кам­па­ња, во ко­ја гра­до­ви­те и се­ла­та се по­се­ту­ва­ни не по ед­наш ту­ку по де­се­ти­на па­ти го­диш­но и при­тоа се спро­ве­ду­ва­ни про­е­кти што ги ко­ри­стат и нив­ни­те чле­но­ви, но и оста­на­ти­те гра­ѓа­ни.

Со са­мо пет гра­до­на­чал­ни­ци, од кои еден е во оп­шти­на Цен­тар, а за кој не се знае да­ли ќе би­де зна­ча­ен дел од опо­зи­ци­ска­та ко­а­ли­ци­ја, и без ма­са енер­гич­ни мла­ди лу­ѓе кои за­ед­но со сво­и­те по­ста­ри пар­ти­ски ко­ле­ги ќе ги по­се­тат си­те 400 ил­ја­ди до­мо­ви во Ма­ке­до­ни­ја, по­ра­зот е не­ми­но­вен.

(Текст објавен во 212. број на неделникот Република, 23.09.2016)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top