| четврток, 6 декември 2018 |

Гоце Цветановски: „Јон Вар­дар про­тив га­ла­кси­ја­та“ е до­се­га нај­за­ба­вен про­ект на кој сум ра­бо­тел 

Во Ма­ке­до­ни­ја има­ме мош­не ква­ли­тет­ни и ус­пеш­ни сту­ди­ја за 3Д ани­ма­ци­ја, но прет­по­ста­ву­вам де­ка, ед­но­став­но, не им се ри­зи­ку­ва да по­тро­шат две-три го­ди­ни на про­ект, чи­ја­што суд­би­на и ко­мер­ци­ја­лен ус­пех не мо­же да се пред­ви­дат. До­се­га не е изра­бо­тен дол­го­ме­тра­жен ани­ми­ран филм за­тоа што, ед­но­став­но, не се на­шол не­кој до­вол­но луд за да се на­фа­ти на тоа, ве­ли Цве­та­нов­ски

Ма­ке­дон­ска­та ком­па­ни­ја за ани­ма­ци­ја „Линкс сту­дио“ не­о­дам­на ја прос­ла­ви пр­ва­та го­ди­на од по­сто­е­ње­то со об­ја­ву­ва­ње рек­ла­мен спот за пр­ви­от дол­го­ме­тра­жен ма­ке­дон­ски ани­ми­ран филм „Јон Вар­дар про­тив га­ла­кси­ја­та“. Пре­ми­е­ра­та на фил­мот се нај­а­ву­ва за де­кем­ври 2019 го­ди­на. Го­це Цве­та­нов­ски, филм­ски­от ре­жи­сер, е и автор на сце­на­ри­о­то за фил­мот. Во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ рас­ка­жу­ва зо­што тол­ку дол­го се ра­бо­ти дол­го­ме­тра­жен ани­ми­ран филм, ка­ко на­ста­на­ла при­каз­на­та и за ид­ни­те пла­но­ви на „Линкс сту­дио“.

Ка­ква е при­каз­на­та во ани­ми­ра­ни­от филм „Јон Вар­дар про­тив га­ла­кси­ја­та?“

ЦВЕТАНОВСКИ: Фил­мот е па­ро­ди­ја на си­те на­уч­но-фан­та­стич­ни фил­мо­ви од мо­е­то дет­ство, ка­ко „Вој­на на ѕвез­ди­те“, „Оди­се­ја во все­ле­на­та“, „Sвез­де­ни па­те­ки“. Глав­ни­от про­та­го­нист Јон Вар­дар е со­се­ма оби­чен чо­век, кој еден ден ќе би­де кид­на­пи­ран од со­се­ма не­о­би­чен и мал­ку на­луд­ни­чав ро­бот, Зарк. Зарк ше­та по га­ла­кси­ја­та и кид­на­пи­ра при­пад­ни­ци на ин­те­ли­гент­ни и не тол­ку ин­те­ли­гент­ни об­ли­ци на жи­вот за сво­ја­та ин­тер­га­ла­ктич­ка зо­о­ло­шка гра­ди­на. Но, би­деј­ќи Јон е мно­гу смо­тан, ќе ус­пее по гре­шка да го за­шра­фи ола­ба­ве­ни­от шраф во ма­тич­на­та пло­ча на Зарк, по што тие двај­ца­та ќе ста­нат нај­до­бри при­ја­те­ли. Но, нив­на­та аван­ту­ра што­ту­ку поч­ну­ва би­деј­ќи се по­ка­жу­ва де­ка га­ла­кси­ја­та е во опас­ност од все­лен­ски­те пи­ра­ти – Бру­то­си­те. Со здру­же­ни си­ли, Јон и Зарк ќе се оби­дат да ја спа­сат си­ту­а­ци­ја­та и да би­дат хе­рои на де­нот. При­тоа ќе па­ту­ва­ат на мно­гу раз­лич­ни пла­не­ти, ќе пад­нат во мно­гу не­вол­ји, ме­ѓу кои и љу­бов­ни. Би мо­жел да ка­жам де­ка по­не­ко­гаш, на­ви­сти­на, ми е жал за нив (се смее).

goce-cvetanovski-custom

Ко­ја е еки­па­та што ра­бо­те­ше на фил­мот?

ЦВЕТАНОВСКИ: Це­ла­та при­каз­на да­ти­ра од пред шест го­ди­ни, ко­га умет­нич­ки­от ди­ре­кто­рот Тхе Ми­чо (не­кои го зна­ат и под не­го­во­то це­ло име Ми­хај­ло Ди­ми­три­ев­ски) поч­на да цр­та ед­на се­ри­ја илу­стра­ции на вон­зем­ја­ни и на чу­до­ви­шта, се­кој ден по ед­но, за за­гре­ва­ње пред да поч­не со ра­бо­та. Ме­не овие цр­те­жи ме инс­пи­ри­раа и поч­нав да пи­шу­вам при­каз­на во со­ра­бо­тка со Але­ксан­дар Ефти­мов, кос­це­на­рист на мо­јот прв кра­ток ани­ми­ран филм, „Ви­стин­ска­та при­каз­на за Хан­сел и за Гре­тел“. При­каз­на­та пр­во бе­ше мно­гу мрач­на и на­ме­не­та за по­во­зрас­на пуб­ли­ка. Но ка­ко што по­ми­ну­ва­ше вре­ме­то, сфа­тив де­ка тре­ба да се сме­ни жа­нрот за фил­мот да го до­жи­вее сво­јот це­ло­сен по­тен­ци­јал. Та­ка што би мо­жел со си­гур­ност да ка­жам де­ка ова е до­се­га мо­јот нај­долг про­ект ка­ко сце­на­рист и ре­жи­сер. Умет­нич­ки ди­ре­ктор, ди­зајн на ли­ко­ви и на зад­ни­на е Тхе Ми­чо, нај­поз­нат по ра­бо­та­та на „Пе­тко“ и на „Ед­но­о­ки“, ина­ку при­лич­но поз­нат и ус­пе­шен илу­стра­тор во свет­ски рам­ки. Има илу­стри­ра­но игра со кар­ти за „Игра на тро­но­ви” и уште мно­гу дру­ги ус­пеш­ни игри за из­да­ва­чи од це­ли­от свет. Ди­ре­кто­рот на ани­ма­ци­ја, Фран­цу­зи­нот Бен­жа­мин Хо­тон е го­лем вљу­бе­ник во Ма­ке­до­ни­ја. Гла­вен про­ду­цент е Алан Ка­сти­љо, биз­нис­мен шко­лу­ван на поз­на­ти­от Уни­вер­зи­тет „Веб­стер“ во Ви­е­на, а за­се­га има­ме пред­до­го­во­ри за ко­про­дук­ци­ја со уште не­кол­ку др­жа­ви, ме­ѓу кои Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, Укра­и­на и Бу­га­ри­ја. Се раз­би­ра, ту­ка е и це­ли­от тим на „Линкс сту­дио“, пре­крас­ни лу­ѓе со кои ед­на го­ди­на ми по­ми­на ка­ко еден миг на ап­со­лут­на сре­ќа. Се­кој од нив со сво­ја­та ра­бо­та при­до­не­се да има­ме ква­ли­тет­но спа­ку­ван про­из­вод и да стиг­не­ме до мо­мен­тот на по­че­ток на про­дук­ци­ја­та. Пре­ми­е­ра­та е пла­ни­ра­на за де­кем­ври 2019 го­ди­на.

Вие сте, пра­ктич­но, пи­о­не­ри би­деј­ќи ва­ше­то сту­дио за ани­ма­ци­ја го ра­бо­ти пр­ви­от ма­ке­дон­ски ани­ми­ран дол­го­ме­тра­жен филм. Зо­што до­се­га не се сни­ма­ле ани­ми­ра­ни фил­мо­ви во Ма­ке­до­ни­ја?

ЦВЕТАНОВСКИ: Ра­бо­та­та на ани­ми­ран филм, без раз­ли­ка од тоа за ко­ја тех­ни­ка на ани­ма­ци­ја се ра­бо­ти, е дол­га и ма­ко­трп­на. Еки­па­та на Волт Диз­ни, ко­ја се со­сто­е­ше од 19 ани­ма­то­ри, го ра­бо­те­ше „Сне­жа­на и се­дум­те џу­џи­ња“ око­лу три го­ди­ни. Без ог­лед на тоа што мно­гу ра­бо­ти се по­ед­но­ста­ви­ле от­то­гаш, без ог­лед на огром­на­та по­мош од мо­дер­ни­те комп­ју­тер­ски соф­тве­ри, ани­ма­ци­ја­та сѐ уште е ек­стрем­но ба­вен про­цес. Тре­ба мно­гу лу­ѓе да ра­бо­тат дол­го вре­ме за да мо­же да се на­пра­ви дол­го­ме­тра­жен ани­ми­ран филм. За­тоа и це­ли­от про­цес е мно­гу скап. Уште еден проб­лем е тоа што во це­ла­ва др­жа­ва има­ме са­мо ед­на ка­те­дра спе­ци­ја­ли­зи­ра­на за ани­ма­ци­ја. Во сту­ди­о­то има­ме ин­те­рен си­стем за обу­ка на за­ин­те­ре­си­ра­ни­те кан­ди­да­ти за вра­бо­ту­ва­ње, но пре­дус­лов е да има­ат сил­ни цр­тач­ки спо­соб­но­сти. Во Ма­ке­до­ни­ја има­ме мош­не ква­ли­тет­ни и ус­пеш­ни сту­ди­ја за 3Д ани­ма­ци­ја, но прет­по­ста­ву­вам де­ка, ед­но­став­но, не им се ри­зи­ку­ва да по­тро­шат две-три го­ди­ни на про­ект, чи­ја­што суд­би­на и ко­мер­ци­ја­лен ус­пех не мо­же да се пред­ви­дат ни под раз­но. Мис­лам де­ка до­се­га не е изра­бо­тен дол­го­ме­тра­жен ани­ми­ран филм за­тоа што, ед­но­став­но, не се на­шол не­кој до­вол­но луд за да се на­фа­ти на тоа (се смее).

lb_promotional_horizontal_rumena2

Не­о­дам­на Ва­ша­та ком­па­ни­ја прос­ла­ви ед­на го­ди­на од по­сто­е­ње­то и во таа чест бе­ше об­ја­вен и рек­лам­ни­от спот за „Јон Вар­дар про­тив га­ла­кси­ја­та“. Да­ли ра­бо­ти­те и дру­ги про­е­кти?

ЦВЕТАНОВСКИ: Да, уште од по­че­то­кот имав­ме три про­е­кти во фа­за на раз­ра­бо­тка. След­на­та не­де­ла одам за Ту­луз , Фран­ци­ја  ка­де што ќе го пре­зен­ти­ра­ме про­е­ктот за ани­ми­ра­на ТВ-се­ри­ја „Змеј­ска гра­дин­ка”. На­ста­нот се ви­ка „Кар­тун фо­рум“, а е ор­га­ни­зи­ран од европ­ска­та асо­ци­ја­ци­ја на про­ду­цен­ти на ани­ма­ци­ја и е нај­го­лем па­зар спе­ци­ја­ли­зи­ран за фи­нан­си­ра­ње ТВ-се­рии во под­го­то­вка. За­се­га има при­ја­ве­ни 260 ку­пу­ва­чи од це­ли­от свет и горд сум не са­мо за­тоа што вле­гов­ме во кон­ку­рен­ци­ја со нај­сил­ни­те европ­ски сту­ди­ја за ани­ма­ци­ја, ту­ку и за­тоа што сме пр­ва ма­ке­дон­ска ком­па­ни­ја што би­ла се­ле­кти­ра­на на овој па­зар. Ина­ку, има­ме и мал од­дел за ви­де­о­и­гри. До­се­га об­ја­вив­ме две игри, а има­ме уште че­ти­ри што ќе из­ле­зат во на­ред­ни­те ме­се­ци. Исто та­ка, про­ду­ци­рав­ме два кра­тки игра­ни фил­ма, кои ве­ќе беа при­ка­жа­ни на по­ве­ќе од 10 фе­сти­ва­ли, и ко­про­ду­ци­рав­ме еден кра­ток игран, кој на­ско­ро ќе из­ле­зе во јав­но­ста. Ра­бо­ти­ме и за кли­ен­ти, нај­че­сто стран­ски. До­се­га сме ра­бо­те­ле за Ав­стра­ли­ја, Аме­ри­ка, Анг­ли­ја, Хр­ват­ска, Дан­ска и за уште не­кол­ку дру­ги зем­ји. Во сре­ди­на­та на сеп­тем­ври ќе би­де об­ја­вен му­зич­ки спот за мно­гу поз­на­та аме­ри­кан­ска гру­па на кој бев­ме ко­про­ду­цен­ти, но за­се­га не сме­ам да ка­жам по­ве­ќе.

screenshot_2

Кол­ку е за­бав­но да се пи­шу­ва сце­на­рио и да се ре­жи­ра дет­ски филм?

ЦВЕТАНОВСКИ: Ма­кси­мал­но е за­бав­но, но и те­шко и пол­но со пре­диз­ви­ци. Це­ло вре­ме те­сти­ра­ме со раз­лич­ни гру­пи де­ца, да­ли им се до­па­ѓа при­каз­на­та, да­ли им се смеш­ни ге­го­ви­те и слич­но. По­тоа вни­ма­ва­ме на се­кој де­таљ, да не­ма агре­сив­ни ше­ги, да не­ма вул­гар­но­сти и дру­ги не­со­од­вет­ни еле­мен­ти. По­ма­га и тоа де­ка си­те вра­бо­те­ни во „Линкс сту­дио“ сѐ уште го има­ат тој дет­ски дух што го има­ат по­ве­ќе­то умет­ни­ци, та­ка што тие се пр­ви­от фил­тер за по­до­бру­ва­ње на сце­на­ри­о­то.

За ко­ја во­зраст е на­ме­нет „Јон Вар­дар про­тив га­ла­кси­ја­та“? 

ЦВЕТАНОВСКИ: За це­ла­та фа­ми­ли­ја. Де­ца­та ќе се сме­ат на фи­зич­ки­от ху­мор и на че­сти­те пре­те­ру­ва­ња во од­нос на ак­ци­и­те и на ре­ак­ци­и­те на ли­ко­ви­те, до­де­ка ро­ди­те­ли­те ќе пре­поз­на­ат и по­суп­ти­лен ху­мор и ре­фе­рен­ции од свет­ски­те филм­ски кла­си­ци на на­уч­на­та фан­та­сти­ка.

super_lynx_hero_in_training

Се за­ба­ву­ва­те ли до­де­ка се ра­бо­те­ше фил­мот? Ка­ква е по­ра­ка­та што ја но­си „Јон Вар­дар…“?

ЦВЕТАНОВСКИ: Мо­рам да приз­на­ам де­ка ова ми е до­се­га нај­за­ба­вен про­ект на кој сум ра­бо­тел. И по­крај це­ла­та те­жи­на и пер­и­пе­тии низ кои по­ми­нав­ме до­се­га, а има­ме уште ре­чи­си три го­ди­ни про­дук­ци­ја до­де­ка да го за­вр­ши­ме.

Во од­нос на по­ра­ка­та, зад це­ла­та ко­ме­ди­ја, се­пак, се кри­јат не­кол­ку се­ри­оз­ни по­ра­ки, за важ­но­ста на при­ја­телс­тво­то, ка­ко и на ме­ѓу­себ­на­та ин­тер­га­ла­ктич­ка то­ле­ран­ци­ја, од­нос­но де­ка љу­бо­вта и то­ле­ран­ци­ја­та се се­ко­гаш по­до­бра оп­ци­ја од вој­на.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(текстот излезе во 211. број на неделникот „Република“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top