Бранителот на трофејот во Супер-купот на Македонија, кошаркарите на МЗТ Скопје се први финалисти откако го победија Фени индустри со 83-50.
Дреновац го отвори натпреварот со пет поени во низа, а откако на него се надоврзаа и Мејси и Мекиќ предноста од минута во минута растеше, за првата четвртина да заврши со убедливи 31-11. Фени индустри намали на 40-25. До крајот на четвртината можеше да се проследи израмнета игра, па на одмор се замина со плус 2о за шампионот (48-28).
Второто полувреме повторно донесе далеку посконцентрирана игра на актуелниот шампион во одбраната, Младеновски и Скот доминираа во рекетот, па предноста повторно се зголемуваше. Фени индустри постигна само девет поени во третиот период, по што во последната четвртина се влезе со убедливи 65-37.
Американецот Скот со 14 поени, 6 скока и 4 блокади беше главна фигура кај МЗТ Скопје, каде младиот Мекиќ постигна 12 поени, а импресивен беше и Џеремаја Мејси, кој за 18 минути реализираше 11 поени, 7 скока и 3 украдени топки. Кај Фени индустри најефикасен беше Чешковиќ со 12, пред Павиќ со девет и Стајиќ со осум поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика