Холивудската продуцентска куќа „Епик Пикчрс“ („Epic Pictures“) ги откупи правата за снимање на биографијата на најдобриот фудбалер во светот и веќе започна со подготовките за екранизацијата на „Меси: Приказната за момчето кое стана легенда“.
Претставниците на студиото наскоро ќе ги започнат состаноците со потенцијалните режисери и сценаристи, бидејќи филмот се планира да биде готов за Светското првенство во Бразил, следната година.
Како што пренесуваат светските медиуми, сржта на приказната ќе се задржи за неговото тешко детство и како од слабичко и сиромашно аргентинско момче тој стана легенда.
– Целта е да направиме силно емотивен, но истовремено и позитивен филм кој ќе ја инспирира публиката – соопштуваат од „Епик Пикчрс“.
Останува да видиме која холивудска ѕвезда ќе се појави во ликот на Лионел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


