Над 2.500 лекари досега заминале на обука во странство, а 70 проценти од нив методите кои ги научиле таму веќе ги применуваат во македонското здравство.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ова е многу значаен проект за државата.
– Имаме многу значајни проекти во делот на здравството како што е набавката на опрема или градбата и реновирање на болници и слично, но ова веројатно е најзначајниот затоа што овозможува стручниот кадар во Македонија да се надоградува и многу брзо да ги учи најновите методи откако тие ќе излезат во понапредни медицински центри во светот – истакна Груевски.
Оваа година, 500 лица заминаа на обука, а над 300 треба да заминат во преостанатиот дел од годината.
– Голем дел од нив заминуваат во Европа, Германија, Англија, Италија, Словенија, Холандија, а голем дел заминаа и во САД, еден дел во Азија, во Јапонија, во Кина, но најголем дел се концентрирани во Европа, особено во Германија и во Италија. Добро е што почна да се применува овој проект. Не знам зошто во минатото не се спроведувал, од почетокот на 90-тите година, ќе имавме многу повеќе методи во нашето здравство, ќе имавме многу поквалитетен медицински персонал – додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски