| четврток, 6 декември 2018 |

Светлата страна на животот – ЕВН Македонија слави 10 години

evn

ЕВН Македонија обележува 10 години од работењето. Во изминатава деценија врвен приоритет на компанијата беше создавање на сигурен и стабилен дистрибутивен систем и сигурност во снабдувањето со електрична енергија.

Трансформацијата на електроенергетскиот систем во Република Македонија е тесно поврзана со влезот на ЕВН групацијата во Македонија. Изминатите 10 години ЕВН континуирано инвестира во модернизација, развој и реконструкција на постојната и изградба на нова дистрибутивна мрежа, на сите напонски нивоа во вредност од околу 300 милиони евра.

– Досега се инвестирани 300 милиони евра во модернизација на дистрибутивната мрежа. Воведовме центар за грижа на корисници, достапен 24/7 секој ден во годината, кој во текот на изминатите 10 години реализираше импресивни 4 милиони контакти. Со години, со особено внимание ја прифаќаме општествената одговорност и сме многу горди на тоа што во соработка со различни национални институции и невладини организации имаме воспоставено широко распространета и одржлива мрежа. За оваа посветеност говорат 13-те награди за општествено одговорна компанија. Со тоа, сметаме дека сме нераскинлив дел од македонското општество и ќе продолжиме и во иднина, преку сите наши активности, да создаваме услови за развој на секој сегмент, за нашето заедничко добро – вели дипл. инж. Штефан Петер, МБА, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје.

evn2

Процесот на инвестиции во обновливите извори на енергија овозможи модернизација и зголемување на капацитетот на 11 мали хидроцентрали. На високонапонско ниво изградени се 5 нови високонапонски трафостаници и надземни водови, односно мрежа во должина од 50 километри. Новоизградената вискоконапонска подземна мрежа, пак, е во должина од 105 km, додека новата среднонапонска изнесува 2800 км. Со овие инвестиции подобрен е квалитетот и сигурноста во снабдувањето.
Дополнително во среднонапонската мрежа се изградени 1050 нови дистрибутивни трафостаници и среднонапонска надземна мрежа во должина од 950 км. Новата изградена нисконапонска мрежа е во должина од 1700 км. Сменети се 850.000 стари броила, со нови автоматизирани броила. Овие инвестиции придонесоа за значително намалување на техничките загуби на електрична енергија, со што е подобрена енергетската ефикасност во системот. Континуираните инвестиции во развој на дистрибутивната мрежа на сите напонски нивоа даде и соодветен одговор на потребите на бизнис секторот во насока на остварување на економски развој на Република Македонија.

evn3
Покрај овие инвестиции ЕВН Македонија инвестираше и во сегментот на услуги, со формирање на Корисничко информативен центар во кој корисниците можат да добијат информација и услуга 24/7 на македонски, албански јазик и англиски јазик. Креирани беа услуги со кои се олеснува комуникацијата и се надминуваат отворените прашања со корисниците.
Модерниот начин на производство на електрична енергија и водење на дистрибутивниот систем е овозможен преку главниот Диспечерски центар на ЕВН Македонија од каде автоматски се управуваат малите хидроцентрали и поголемите трафостаници. Овој систем овозможува брзо и ефикасно функционирање на дистрибутивната мрежа што за крајните корисници значи подобра и поквалитетна услуга во секое време.
Согласно изработениот Мастерплан на ЕВН Македонија, во идните години предвидена е реализација на проекти за континуирано подигнување на квалитетот на дистрибутивната мрежа на целата територија на Република Македонија за што ќе се инвестираат 700 милиони евра. Целта е јасна, и во иднина со континуирани инвестиции и инплементирање на новите техноилогии да се гарантира безбедно, сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија.

2ѓ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top