Социјалната мрежа Internations.org, која се занимава со поврзување луѓе, кои живеат надвор од своите родни држави, но и со информации поврзани за селење во странство, состави интересна листа.
Станува збор за листа од 67 земји кои се рангирани според гостољубивоста кон странците. Таа е составена врз основа на анкета на 14 илјади луѓе раселени по светот.
Тие одговарале на прашања, чии одговори даваат информации за наклонетоста и отвореноста кон странците, но за леснотијата со која се склопуваат пријателства.
Следуваат десетте најпријателски земји:
1. Тајван
2. Уганда
3. Костарика
4. Мексико
5. Колумбија
6. Оман
7. Филипини
8. Нов Зеланд
9. Виетнам
10. Португалија
И додека во првите десет едвај се провлече една европска земја, дното на листата, односно местата меѓу 58. и 67. им припаѓаат претежно на Европејците.
58. Австрија
59. Русија
60. Данска
61. Катар
62. Шведска
63. Норвешка
64. Швајцарија
65.Чешка
66. Саудиска Арабија
67. Кувајт
Ова е дел од едно пошироко истражување, во рамките на кое се испитани и други важни животни прашања, како можности за одгледување семејство, пронаоѓање дом, работа, но и можности за квалитетен одмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.