По големиот концерт на Јан Гилан (Ian Gillan) – вечер на „Дип парпл“ (Deep Purple) со Македонската филхармонија, „Авалон“ го претставува својот последен проект со кој ќе ја затвори 2016 година во Македонија.
-По толку многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година се одлучивме првпат на едно место за крај да го собереме најдоброто во областа на попрок-музиката во последните дваесетина години, и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место – на Бајага и „Инструктори“, „Прљаво казалиште“ и „Ареа“ – имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат. Сите три групи ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути – велат од „Авалон“.
Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба в петок (23.09.2016), точно во 09 часот наутро, на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“ и онлајн.
600 денари – ПАРТЕР
800 денари – ФАН ПИТ (само 1000 билети во продажба)
700 денари – SILVER SEATS
800 денари – GOLDEN SEATS
990 денари – ВИП
Трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот: Бајага и „Инструктори“, „Прљаво казалиште“, „Ареа“ и „Деца из воде“ на едно место, Вип арена „Борис Трајковски“ – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.