| четврток, 6 декември 2018 |

Газета дело спорт: На Несторовски некои сега треба да му се извинат

ilija-nestorovski-1

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во само две кола комплетно ја „окупира“ италијанската фудбалска јавност. Со прекрасен погодок, втор за него во дресот на Палермо сезонава, Несторовски донесе триумф за својата екипа на гостувањето против Аталанта во Серија А, сега и дефинитивно привлекувајќи го вниманието и на италијанските медиуми.

Најтиражниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“ во својата анализа за дуелот во Бергамо, го потенцира значењето на Несторовски за составот на Палермо, наведувајќи дека сега некои аналитичари ќе треба убаво да му се извинат на македонскиот фудбалер.

gazeta-delo-sport

„Два гола едноподруго, и тоа кој од кој вистински голгетерски – атрактивни, сигурно не е нешто кое лесно се постигнува во Серија А. Тоа добро го знаат и голем број други реномирани напаѓачи. Но, Супер Несторовски успеа за кратко време на многумина да им покаже зошто е во Палермо. Тој е спасителот на Палермо. Навистина извонредно, убаво. Веројатно некои уште сега ќе треба да подготват писмо со извинување кон Македонецот, за некои претходно анализи за неговата игра и тврдења дека тој сезонава во Италија нема да постигне ниту еден гол. А, Несторовски во два натпревари постигна два, и и двата спасувачки за Палермо“ – вели во својата анализа за Несторовски, „Газета дело спорт“ и дополнува:

„Во Несторовски гледате лице кое не се плаши да игра, кое нема трема и го сака фудбалот. Можеби затоа му е лесно да погодува, и во клубовите пред да дојде во Палермо, а еве и сега. А, во Палермо искрено се надеваат дека неговите голови нема да запрат и во иднина“.

Илија Несторовски веќе се избори за стандардно место во првиот тим на Палермо. Извонредната гол форма која во Италија ја пренесе од Хрватска сега верува ќе ја продолжи и на следните дуели во Калчото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top