| четврток, 6 декември 2018 |

Загина уште едно дете на Миа Фароу

Taдеус Вилк Фароу, посвоениот син на Миа Фароу, загина во сообраќајна несреќа во Конектикат.

Иако Брзата помош пристигнале веднаш, 27-годишниот Тадеус им подлегнал на повредите во болницата. Актерката го посвоила Тадеус, кој боледувал од детска парализа, од дом за сираци од Калкута во 1994 година, на негова 12-годишна вораст. Тој бил причината што таа почнала кампања за децата со иста болест како него.

thaddeus-farrow-435

Тадеус одел со помош на патерици и работел како автомеханичар. Средното име Вилк го добил по судијата што по долгата битка за старателство ѝ го доделил на Миа, а не на нејзиниот поранешен сопруг Вуди Ален.

Миа има посвоено десетина деца, меѓу кои и ќерката Сун Ји, која во моментов е во брак со познатиот режисер. Врската на Миа и на Вуди, која почна во 1979 година, заврши во 1992 година, токму затоа што Вуди влезе во врска со нивната посвоена ќерка.

Миа има родено четири деца. Тадеус не е прво од нејзините посвоени деца што починале. Там Фароу починала од срцеви проблеми во 2000 година, а Ларк Превин во 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top