Долго пред Анџелина да побара развод од Бред, тој во едно интервју изјави дека ги тепа децата бидејќи тоа е потребно. Тогаш Бред се шегувал, но последните информации што излегоа во јавноста за животот во семејството на Бранџелина се шокантни.
Бред Пит и Анџелина Џоли имаат шест деца, три посвоени (Мадокс 15, Пакс 12 и Захара 11) и три биолошки (Шајло 10 и близнаците Нокс и Вивиен 6), како и живот што подразбира постојано патување и камери, кои ги следат на секој чекор.
Извор, кој е поранешна дадилка во семејството на Бранџелина, вели дека Анџелина воопшто не готвела и дека единствено нешто што знаела да направи биле житарки, пишува „Дејли мејл“.
Токму затоа, семејството имало ангажирано по шест дадилки, односно по една за секое дете.
Нивните деца не посетувале училиште, само Мадокс, за кој Анџелина има изјавено дека има многу висок коефициент на интелигенција.
Сега, Анџелина решила дека е потрбно да посетуваат училиште бидејќи не се доволно социјализирани.
Имено, голем број дадилки дале отказ поради тоа што не можеле да издржат да ги чуваат децата на Бред и на Анџелиа, кои биле навистина немирни и невоспитани.
Дадилката што сака да остане анонимна рекла дека Бред и Анџелина постојано се расправале пред децата, при што користеле пцости и погрдни зборови.
Мадокс, вели изворот, кога имал 9 години пиел вино и го возел автомобилот низ имотот на семејството.
Исто така, бил фасциниран од оружје. Кога имал шест години, Анџелина во една пригода гордо изјавила:
-Многу сака војна и оружје!
Исто така, својот прв нож го добил кога имал 11 години.
-Мајка ми ме однесе да го купам мојот прв нож кога имав 11-12 години. Мадокс сака ножеви, па му дозволив да купи кога имаше 11 години – рекла Анџелина.
За неговиот осми роденден, таа го однела да посети воен камп во Ирак.
Шајло, пак, од својата 3,5-годишна возраст се облекува како машко, а Анџелина и Бред ја поддржувале во тоа.
-Сака да ја викаме Џон и тоа и го правиме – еднаш рекол Пит.
Бред Пит бил тој што воведувал дисциплина, иако неуспешно додека, пак, Анџелина била многу попустлива и им дозволувала сè што ќе посакаат.
-Бред и Анџелина немаа никаква контрола над децата. Среде ноќ, трчаа низ куќата и намерно ги будеа сите – вели поранешната дадилка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.