По завршувањето на првото тромесечје од воведувањето на кварталниот модел на проектот плаќање според сработеното, извршен е првиот инспекциски увид на Министерството за здравство во Градската општа болница „8 Септември“ и се регистрирани многубројни неправилности од лекарите вработени во оваа установа. Повеќе од 70 проценти од нив го злоупотребиле системот и внеле и до шестпати поголем број интервенции од тие што ги извршиле. На овој начин, нивниот коефициент во системот значително се зголемил, а со тоа и износот на нивната плата, реагираше денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.
Тој упати апел до лекарите и потсети на законските одредби од Кривичниот законик, кои предвидуваат затворска казна од три години за тие што внесувале неточни податоци во компјутерскиот систем. Овие санкции, спомена Тодоров, ќе бидат применети за лекарите што не го коригирале својот ефект во системот со цел да одговара на тој што е заверен во медицинската документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев



