Поради големата понуда, цената на овие услуги е многу пониска од порано, а уште повеќе изнеадува што девојките се тие кои бараат макрои за да работат за нив.
На денешните проститутки им е полесно да работат кога некој ќе им ја организира работата, За тоа служат макроите, кои им пронаоѓаат клиенти, место каде што ќе ја пружат услугата и сето тоа ќе го чуваат како деловна тајна.
-Во Белград постојат три вида проституција со кои начесто се среќаваме. Највидлива е уличната, па агенциската, која е и најраспорстранета и најчесто се врши во станови, а се рекламира на огласи и секако елитната, која е најсуптилна и најтешко достижна, објаснуваат извори од српската полиција за „Ало“
Животниот сон ѝ е проституција
-Од едно место во Србија во Белград дошле две студентки. По приведувањето едната од нив изјави дека од секогаш сакала да се занимава со проституција. Делуваше самоуверено и ниту еден наш збор не можеше да ја поколеба. Оттогаш не сме ги привеле, но тоа не значи дека веќе не се занимаваат со проституција, објаснува изворот.
Според искуствата, жените се занимаваат со проституција најчесто од економски причини, но има и такви кои сакаат на брз начин да заработат.
-Лицата кои се одлучуваат на проституција во станица наведуваат разни мотиви кои ги натерале да се занимаваат со проституција, дека соптугот ги натерал, тврдат дека не можат да најдат друга работа, но има и такви кои признаваат дека тоа им е најлесен начин да дојдат до пари. Кога ќе ги приведеме, некои молат нивните блиски да не дознаат зошто се во полиција, особено оние од помалите средини, зашто тие вести брзо се шират. Ги приведуваме заради прекршок, но не ги известуваме семејствата за тоа. Тие одлучуваат дали ќе ја кажат вистината или ќе молчат.
На приведените жени, особено на оние кои првпат се приведени полицајците им покажуваат слики од повреди на жени кои подолго се занимаваат со проституција и кои преживеале се и сешто.
Најмладата која била приведена имала 14 години, а најстарата 61.
-Некои од нив цел живот се на улица и работат додека можат. Има и такви кои се омажиле и се тргнале од улицата.
Со месеци, сепак, се прераскажува еден случај на средовечен маж. Не би се разликувал многу од останатите ако за неколку часа не бил двапато диведен во полициска станица. Првата патрола го довела зашто бил фатен со проститутка како се договара за нејзините услуги. Не поминало саат, го привела друга патрола. Влегол во полицијата викајќи: „Ве молам, луѓе, пуштете ме нешто да еб*м“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија