| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки-мун апелираше до завојуваните страни да го почитуваат глобалното примирје

ban-ki-mun

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-­мун на денешниот Светски ден на мирот апелираше до сите завојувани страни да го положат оружјето и да почитуваат 12 ­часовно примирје во целиот свет. ­

– Симболиката на денот без борби е важен потсетник дека судирите можат и мораат да бидат завршени, посочи Бан.

Во седиштето на ОН денеска се одржува вториор ден на Генералната дебата, а предвидено е да се обратат, меѓу другите и лидерот на Кина, на Авганистан, на Европска унија, на Пакистан, на Јапонија и на Украина.

Македонскиот претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН в четврток.

На првиот ден од Генералната дебата фокусот на голем број лидери во своето годишно обраќање беше насочен кон судирот во Сирија и мигрантската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top