| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот вицеканцелар на преговори со Путин во Москва

­

ptin

Лидерот на втората најголема германска партија СПД (Социјал Демократска партија) и вицеканцелар Зигмар Габриел заминува во Москва на преговори со рускиот претседател Путин во врска со западните санкции за Русија. Габриел, кој е и германски министер за економија, се залага за укинување на санкциите но за возврат бара прогрес во мировниот процес во Украина. ­

– Правам се што можам за постепено укинување на санкциите наметнати по анкетирањето на Крим и паралелно со тоа да биде постигнат видлив напредок во имплементацијата надоговорот од Минск“ , изјави Габриел пред заминувањето за Москва, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Габриел се надева дека ако неговиот план успее ќе дојде до намалување на тензиите меѓу сите страни и зголемување на економската соработка меѓу Германија и Русија. Поради санкциите трговијата меѓу двете земји е намалена за 13,7 % само во првите 6 месеци од 2016 година. Како одговор на санкциите од ЕУ и САД Русија забрани увоз на храна од западни компании што најмногу го почувствува Германија која е најпристуна западн земја на руските пазари.

За германскиот вицеканцелар, кој со себе во Москва води и голема бизнис делегација, изолацијата и конфронтацијата не нуди напредок. За дел од аналитичарите позицијата на СПД за руските санкции е поврзана со придобивање на левичарските симпатизери во Германија во пресрет на сојузните избори наредната година. Последната средба меѓу Габриел и Путин во октомври минатата година не вроди со плод во врска со кризата во Украина и симнување на санкциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top