Сингапур еден од најскапите градови во светот, но тоа не претставува проблем за една група млади луѓе кои се на возраст од дваесетина години. Тоа е така зашто банкарските сметки на нивните родители едноставно немаат дно.
Огромното богатство и луксузниот живот кој можат да си го дозволат, младите го презентираат на релативно новиот профил на Инстаграм под името „Богатите деца од Сингапур“. Фотографиите јасно покажуваат во каков лукзуз живеат тие, што возат, што јадат како се забавуваат и уште многу повеќе.
Многумина различно реагираа на овие фотографии, па покрај оние кои им се воодушевуваат, добар дел од корисниците на социјаните мрежи ги осудија и им порачаа дека со ваков стил на живот од млади години, тешко дека можат да се развијат во стабилни личности кои ќе ги ценат човчките и вистинските вредности во животот.
Корисниците на социјалните мрежи исто така им замерија и на фотографијата на која девојка свртена со грб на својата маичка ја носи пораката „Престанете да бидете сиромашни“, на која меѓу коментарите имаше и такви дека тоа богатство тие сигурно не го заработиле самите со труд, ниту пак сиромаштијата е нечиј избор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.