Контроверзниот берлински политичар, пратеник во покраинскиот парламент на германската престолнина, Гервалд Клаус-Брунер, се самоубил во својот стан, откако силувал и убил маж, објави магазинот „Билд“ повикувајќи се на правосудни извори.
Според весникот, безживотните тела на двајцата мажи биле пронајдени во понеделникот, ден по неделните избори за Сенатот.
Засега берлинската полиција не објавува детали од инцидентот.
Од партијата, по неговата смрт којашто правосудните органи прелиминарно ја квалификувале како самоубиство, соопштија дека тој бил болен од неизлечива болест, од која страдале повеќе органи и оти му преостанувале најмногу две години живот. Меѓутоа, и оваа информација се смета за контроверзна или измислена,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Пешак се обиде да се самоубие (видео)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија