Бројот на деца кои работат во Турција е речиси еден милион, објави „Хуриет дејли њуз“.
– Во понедленикот во Турција почна новата учебна година, но и покрај тоа околу еден милиони деца се принудени да работат, наведува весникот.
Според турскиот Синдикат во образовението, половината од децата кои работат се во земјоделието, каде им помагаат на своите семејства.
Седумдесет и четири отсто од децата на возраст меѓу шест и 14 години работат во сферата на земјоделието, 16 отсто во услуги и осум во индустријата.
Децата на возраст меѓу шест и 14 години работат по 28 часа неделно, а тинејџерите (15-17 години) работат по 45 часа неделно.
Децата кои не одат на училиште работат во просек по 54 часа неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата