Британецот Ендру Симсон, двоен олимписки шампион во едрење, го загубил животот кога неговиот катамаран се превртел во заливот на Сан Франциско.
До несреќата дошло за време на тренингот за Американскиот куп, а Симсон бил дел од шведскиот тим Артемис рејсинг.
Симсон бил дел од 11-члениот екипаж на катамаранот „AC72“, кој се превртел за време на тренингот.
Бродот што се превртел е специјално изработен катамаран долг 22 метри и кој може да достигне брзини и до 40 чворови, односно 75 километри на час.
Од американската крајбрежна стража сѐ уште не ги знаат причините за несреќата, а според портпаролката на пожарникарската служба, несреќата се случила околу 13 часот по локално време.
Службата на итната медицинска помош невреме стигнала на местото на несреќата, а кога Симсон и уште еден негов колега биле извлечени од водата, тие можеле само да ја констатираат смртта на олимпискиот шампион. Вториот едриличар е надвор од животна опасност.
Ендру Симсон е носител на златен олимписки медал од Игрите во Пекинг во 2008 година, на Олимписките игри во Лондон тој заедно со спортскиот директор на Артемис, Ијан Перси, го освои сребрениот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска




