| четврток, 6 декември 2018 |

Балетски перформанс „Филм“ во МОБ

На малата сцена во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот перформанс „Филм” по идеја и кореографија на Саша Евтимова.

– Идејата на кореографката Евтимова е универзална порака за љубов. Својата идеја таа ја базира на пораката: „Забораваме на насмевки, љубезност, великодушност, хуманост, забораваме вистински да уживаме во животот, забораваме дека многу малку ни е потребно за да бидеме среќни. Нашиот живот се изразува како резултат на нашите доминантни мисли. Љубов…Тоа е тајната. Доколку повеќе се сакаме едни со други, толку многу повеќе проблеми би решиле.Тогаш светот би бил навистина убав“, информира МОБ.

Во перформансот учествуваат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Марина Анастасовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Мирослав Митрашиновиќ и Агим Бафтии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top