Ако постои нешто што може да ја дефинира жената кога е во прашање физичкиот изглед, тоа секако е нејзината коса. Таа бара големо внимание, а многу припаднички на понежниот пол имаат проблем со опаѓањето на косата или бавниот раст.
Ако постои нешто што може да ја дефинира жената кога е во прашање физичкиот изглед, тоа секако е нејзината коса. Таа бара големо внимание, а многу припаднички на понежниот пол имаат проблем со опаѓањето на косата или бавниот раст. Постојат голем број на фармацевтски третмани кои ветуваат брз раст на косата, но постојат и природни третмани кои нудат ист, па дури и подобар резултат. Еве еден од најдобрите домашни лекови за брз раст за коса која е многу едноставен за подготовка.
Потребни состојки: 3 лажици цимет
6 лажици мед
6 лажици маслиново масло
Начин на подготовка: Ставете го маслиновото масло во сад и загрејте го, а потоа додадете ги и другите состојки и добро измешајте. Додека е топла смесата ставете ја на темето на главата и оставете така да стои еден час. После тоа измијте ја косата со топла вода и повторете ја истата постапка три пати неделно. Резултатите веднаш ќе бидат забележливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.