Малата Џонбенет во декември, далечната 1996 година, била пронајдена задавена и претепана во подрумот од нејзината куќа во Колорадо. Главни осомничени биле нејзините родители, Џон и Петси, како и нејзиниот тогаш 9 годишен брат Берк, но еден по еден, поради недостаток од докази, биле ослободени, а смртта на девојчето останала нерешена.
Но, неодамна емитуваниот документарец во два дела на Си Би Ес „ Случајот Џонбенет Ремзи“ упатува сомнеж токму кон Берк, кој денеска има 29 години. Обновената истрага упатува на можноста Берк случајно да ја убил својата сестра. Една година пред нејзината смрт тој во напад на гнев ја удрил со голф палка и и оставил белег. Можеби нешто слично се случило во декемвриската ноќ 1996, откако Џонбенет го изела ананасот кој Мојата хипотеза е дека семејството Ремзи се вратиле дома околу 22 часот вели поранешниот шеф на истрагата Џејмс Колар.
Џонбенет спиела, татко и ја качил во нејзината соба, а мајка и останала долу и подготвила ананас за синот. Потоа ја разбудила ќерката да оди во тоалет, а кога девојчето се разбудило можеби почувствувало глад и се симнало долу да јаде. Бурк можеби се налутил и ја удрил сестра си со џебната ламба вели Колар.
Семејството Ремзи не инсистирало да се расчисти случајот и затоа остана нерасчистен велат вклучени во истрагата.
На теоријата дека родителите го заташкале случајот за да го заштитат синот, Берк одговори во интервју за Др. Фил, деновиве.
Не знам што да кажам на тоа бидејќи знам дека не е така. Има луѓе кои сведочеа дека е невозможно 9 годишно дете да направи такво нешто. Нема докази за тоа бидејќи јас не сум го сторил вели Берк.
На прашањето дали ја убил својата сестра, Берк одговорил со категорично НЕ. Инаку, бројни се недореченостите во истрагата за смртта на малото девојче.
Сомнително е писмото оставено вечерта кога таа е убиена, во кое се бара откуп од 118 000 долари, точно колку што Џон Ремзи добил како бонус од работа. Листот на кој е напишана пораката е скинат од блок во куќата на семејството, а ракописот многу сличен на ракописот на мајката. Полицијата не ја затворила куќата по убиството, така што секој можел да влезе и да уништи значајни ДНК докази. Полицајците при претресот на куќата по информацијата за пораката за откуп, не го нашле телото на девојчето. Тоа подоцна било пронајдено од нејзиниот татко и негов пријател. При обдукцијата откриено е дека девојчето пред да биде убиено јадело ананас, а на чинијата со ананас биле најдени отисоци од прстите на нејзиниот брат, поради што тој бил осомничен, па ослободен од сомнеж. Потоа, во соседството на семејството Ремзи живееле 38 регистрирани сексуални престапници, а полицијата не ја проширила истагата надвор од членовите на нејзиното семејство. Зошто?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца