| четврток, 6 декември 2018 |

Илјада луѓе се пријавиле за неколку часа на овој оглас за работа, еве и зошто (Видео)

Продавницата во селото Вајкокомаг на малиот канадски остров Кејп Бретон, објавила повеќе од примамлив оглас за работа.

На огласот кој со неверојатна брзина се проширил на Фејсбук, досега се пријавиле 3.500 луѓе, а не е тешко и да се разбере зошто.

Имено, иако во огласот не е понудена голема плата, работодавците навеле дека на располагање имаат многу земја, па оние кои ќе се одлучат да ја прифатат работата и останат нивни работници наредните пет години, како подарок ќе добијат две акри земји.

-Имаме добар бизнис во срцето на Кејп Бретон, богат со работни места, земја и потенцијал, но немаме луѓе. Барате поедноставен живот, близок до природата и на подрачје на кое сè уште има топли оброци? Не можеме да ви дадеме многу пари, но можеме да ви пружиме убав живот. Бараме лица кои се грижат за околината, кои сакаат да бидат дел од заедницата и кои нема да гледаат на работата како да работат за нас, туку на начин сите да работиме заедно за да создадеме нешто со што ќе се гордееме, стои во огласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top