| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот ги следи трендовите во транспортот – Мисајловски на саемот „ИноТранс 2016“ во Берлин (Фото)

misajlovski vo berlin

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски, од денеска во Берлин учествува на саемот за транспортна технологија „ИноТранс 2016“, којшто на секои две години се одржува во  Германија.

Поделен во пет сегменти: железничка технологија, железничка инфраструктура, јавен транспорт, внатрешно уредување на транспортни средства и изградба на тунели „ИноТранс 2016“ е најголемиот саем за овој вид индустрија на светот.

misajlovski vo berlin

misajlovski vo berlin

Покрај презентациите на компаниите од овој бизнис-сектор што можат да се видат во повеќе од 40 хали на Берлинскиот саем, на специјалниот отворен простор се претставени различни видови транспортни средства на над 3.500 метри специјално поставени железнички шини.

misajlovski vo berlin

misajlovski vo berlin

misajlovski vo berlin

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top