Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево, на 20.09.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 13 часот и 20 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.9. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.