| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Користев недозоволени средства, но имав дозвола за тоа

rafael nadal

Неколку пати во својата кариера Рафаел Надал мораше да објаснува по обвинувања за користење допинг. Последниот скандал предизвкан во руските хакери го вбројува и шпанскиот тенисер меѓу спортистите што користеле лекови од забранетата листа. Сепак, Надал ја откри мистеријата околу случајот.

– Кога бараш и добиваш дозвола за лек кој е дел од терапијата, тогаш не си направил ништо што не е дозволено. Никогаш не сум користел нешто што би ги подобрило моите перформанси. Лековите ги користев бидејќи докторот мислеше дека тие се најдобри за моето колено. Спортот мора да биде чист и тоа мора на сите да им биде јасно. Не смееме да ги изневериме луѓето. Би било добро за спортистите, медиумите и навивачите резултатите од допинг-тестовите да бидат јавно објавувани. Сметам дека на тој начин би бил решен проблемот – рече Надал.

Во светот на тенисот казните за позитивните на допинг-тестовите се драконски и не се така чести како во другите спортови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top