Албанската погранична полиција спречила шверц на 28,7 килограми марихуана која требало да биде внесена во Македонија.
Според телевизијата „Ора њус“, дрогата ја шверцувале две лица, кои биле забележани од полицијата во непосредна близина на граничниот премин Ќафасан, близу до Струга, во два часот по полноќ. Две лица ги оставиле вреќите со дрога и во мракот успеле да побегнат во шумата. Во трите вреќи пронајдени се 25 пакетчиња со марихуана, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата работи на идентификација на нарко шверцерите и нивните соработници од двете страни на границата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.