Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со локален слаб дожд кој особено ќе биде застапен во западните делови на земјава. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец кој наместа ќе надминува над 50 км/ч.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 18 до 26 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно свежо со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 5.
Во среда времето ќе биде променливо облачно и свежо со услови за краткотраен локален дожд, а ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.