| четврток, 6 декември 2018 |

Вработување и бесплатен имот за секој кој сака да живее во ова парче канадски рај

Вработување и имот му следува на секој квалификуван кандидат за работа во маркет во Кејп Бретон, мало островче на источниот крај од Нова Скотија.

Сите локални жители кои биле квалификувани за работа во продавницата, се вработени. Но, не се доволни. На својата „Фејсбук страница“, тие објавиле повик за вработување, односно за сите оние кои ќе сакаат да се преселат во ова место и се квалификувани за работа во маркетот, ќе им биде понуден имот и вработување.

Во Кејп Бретон се застапени сите годишни времиња, а популацијата е под 150 илјади жители. Традиционално, мало место, каде што има една основна и најопремена пекара и маркет. Овој природен „рај на земјата“ планирано е да се шири. Има се што е потребно, освен доволно луѓе.

Сепак, оваа понуда важи за оние кои имаат легално право да работат во Канада, но тоа не значи дека странците не можат да аплицираат, доколку ја средат документацијата за потребната дозвола.

Повеќе информации за оваа можност може да се добие на Фејсбук страницата на работодавачот на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top