Апелациониот суд Скопје денеска го укина домашниот притвор за осомничениот В.Т. за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“.
Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека Апелациониот суд Скопје попладнево доставил решение со кое жалбата на осомничениот В.Т. се уважува, а решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје се преиначува и со тоа мерката куќен притвор се укинува.
Против осомничениот, како што се наведува во соопштението од судот, се определува мерка на претпазливост, обврска тој да се јавува секој работен понеделник и работен петок кај овластено службено лице во Основен суд Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.