| четврток, 6 декември 2018 |

Данска добива црква за луѓе наместо за богови

Во главниот град на Данска, Копенхаген, се отвора првата верски неутрална црква во светот. Оваа црква во Копенхаген ќе имовозможи на верниците и на неверниците да празнуваат и да одбележуваат различни ритуали и важни моменти од својот живот. За да биде изградена оваа институција, за која идејата постои од 2009 година, градксата управа на Копенхаген е подготвена да издели околу 800.000 долари.

Според предлогот што го разработила групата „Свенфдборг архитекте“, магацините за погребни урни на гробиштата во Биспебјерг, кои не се користат, ќе бидат претворени во верски неутрални светилишта и во нив ќе нема никакво верско обележје, а ќе се заснова на три вредности – дстоинство, свеченост и неутралност.

-Вакво нешто не постои никаде во светот и со тоа Данска ќе стане земја на различностите. Наместо да се фокусираме на различности, сакаме да се фокусираме на она што ни е заедничко, а тоа дека сите луѓе во сите култури имаат потреба да ги одбележат значајните моменти во животот, вели Ана Балк Милер, портпаролка на Асоцијацијата Церемониум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top