Третата, од 4-те мерки од област на спортот, кои денеска ги објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е директно буџетско финансирање на спортови кои немаат своја лига, во смисла на организирање лига.
-Постојат популарни спортови за кои Македонија има успешна традиција кои не се професионално организирани во соодветна спортска лига. Токму преку оваа мерка ќе се идзвојат до 700 илјади евра годишно за финансирање на таквата лига. Спортовите чии создавање на лиги ќе се финансира ќе бидат различни, а првиот спорт кој ќе го поддржиме да формира лига е боксот, истакна Груевски.
Станува збор, рече Груевски, за популарен олимписки спорт, кој иако кај нас е присутен нема задоволително ниво на организација односно лига, а имаме успешна трација на врвни и успешни боксери од минатото што значи има доволно стручен кадар.
-Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе озвоможи негово самостојно финансирање. За цел формирање на лигата ќе се организира квалификационен турнир од страна на Агенцијата за млади и спорт на сите клубови кои ќе се пријават, при што најдобрите 8 тима односно клубови ќе влезат во прва лига, а вторите 8 во втората лига, и оваа лига ќе започне да функционира од септември 2017-та година, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Надвор од државниот надомест наменет за секој боксер, доколку клубот обезбеди дополнителни спонзорства со новите можности за ослободување на данок на добивка може да им се даде и додатни средства на своите боксери и тренери.
-Во однос на директната поддршка која ќе се доделува боксерите во првата лига директно ќе се плаќаат од АМС од коло, и првичните замисли се во натпреварот клуб со клуб дома и во гости, секој поединечен боксер победник на секој меч да добие 350 евра, а поразениот 150 за првата лига, за нерешен резултат двата боксери ќе добиваат по 200 евра, и 30 осто помалку за втората лига, тренерот по 200 евра од меч, помошникот тренер 100 евра, плус за лекари, делегати, и судии при што и овие износи не се финални, и ќе бидат дел од јавната расправа. Победа на клубот носи 2 бода, пораз нула, нерешено по 1 бод. Еден викенд би имало коло во првата лига, а втор викенд во втората лига меѓу септември и мај, изјави Груевски.
Инаку, секој клуб ќе треба да обезбеди боксер во секоја категорија, и може да му фалат натпреварувачи максимум во три категории, во кои би му се сметал службен пораз.
-Втората лига би можела да биде поделена на втора лига исток и запад. Шампионите од двете лиги би блегувале во првата лига. За тие клубови кои се надвор од прва и втора лига би се организирал годишен турнир еден во источниот и еден во западниот дел на Македонија. Победниците би влегле во втора лига, а последните два од втора лига би испаднале и би чекале шанса за следната година преку турнирот да влезат во втора лига. Доколку федерацијата сама обезбеди средства ќе има можност и за формирање на трета лига. Клубот шампион ќе добие 20 илјади евра награда, вице шампионот 10 илјади евра награда. Секоја екипа во прва и втора лига на секој меч мора да има лекар, за него ќе се одвојуваат по 100 евра од меч, независно дали ќе победат или загубат натпреварувачите. Лекарот треба да присуствува и на самите тренинзи. Сите спортски клубови еднократно ќе добијат најнеопходна професионална опрема, ракавици, дрес, патики, маски за лице, и заштитници за заби, потенцираше Груевски.
Ќе се формира и македонска боксерска репрезентација која ќе има мечеви со репрезентации од други држави и ќе се бори за места на меѓународни првенства. За оваа цел, според Груевски, веќе се утврдени средства во планираниот буџет од Министерството за финансии за 2017-та.
-Втор спорт за кој има размислување да се поддржи формирање на лига е карате за жени и мажи и тоа со почеток од септември 2018-та, а во наредните години ќе продолжиме со поддршка на други спортови кои немаат свои лиги. Средствата добиени за оваа намена може да се трошат за строго утврдени намени и критериуми одредени со правилник кој ќе го носи Владата по претходно мислење на министерството за финансии, министерствотот за правда и агенцијата за млади и спорт. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите доколку незаконски се користат средствата. Ќе се предвиди кривична одговорност и парична казна, како и суспензии, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на втората од четирите мерки од областа на спортот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.