| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена поддршка од државата за спортските федерации и нa Oлимпискиот комитет

Зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии диспциплини се олимписки, како и зголемена поддршка на олимпискиот комитет, е првата од четирите мерки од областа на спортот, кои денеска ги промовира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-За таа намена приредувачите на игри на среќа во обложувалници, на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 3% од добивката, а приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, исто така на месечна основа, за финансирање на спортот ќе издвојуваат 1.5% од добивката. Овие средства добиени од обложувалниците и автомат клубовите ќе одат за развој на спортот, односно за спортските федерации и МОК. Приматели ќе бидат само федерациите на олимписките спортови, и македонскиот олимпискиот комитет. Сумата која се очекува по овој основ да се добие е околу 1.5 милиони евра директно за оваа намена. Во моментот олимписки спортови од федерации кои постојат и се со решение дејност спорт од Агенција за млади и спорт, се вкупно 25. Правилата за употреба на овие средства би важеле и за сите средства кои федерациите ги добиваат од државата. За таа цел ќе се пристапи кон носење на законски измени кои ќе влезат во собраниска процедура по претходна јавна расправа, потенцираше Груевски и ги презентираше чекорите кои ќе се превземат за реализација на овој проект.

1.Покрај законските измени, ќе се утврди прецизен правилник за распределба на средствата, и правила за нивно трошење. Овие средства ќе одат на посебна сметка на федерациите и МОК. Планот е 65 осто од средствата да одат за колективни спортови, 35 осто за индивидуални спортови, но овој сооднос би го преразгледале низ јавната дебата. Првите две или првите 4 години средствата ќе се распределуваат линерално, а потоа делумно линеарно, но делумно скалесто во зависност на постигнатите успеси и резултати на различните федерации и МОК на меѓународен план, во согласност со утврдени критериуми за тоа.

Спортските федерации овие средствата може да ги користат за:

-Организација на натреварувањето во домашни лиги. Многу често поголемиот дел од федерациите се соочуваат со основни проблеми како што е плаќање на надоместок за ангажман на судии и делегати. Овие средства ќе бидат добредојдени.

-Може да се користат и за организација на репрезентативни натпреварувања, учество на меѓународни светски и европски првенства, олимпијада и слично. Овие средства може да се користат за подмирување на трошоци за пат, престој, бонуси за натпреварувачите и тренерите, опрема, трошоци за изнајмување стадиони.

-За финасирање на ,,врвни тренери“ за државни и приватни клубски спортски академии за млади таленти, но не повеќе од 20 осто од средствата. Дополнително ќе се порецизира кои критериуми треба да ги содржи и задоволува некој за да влезе во категорија ,,врвен тренер“. Со ова ќе се пренесе искуство на успешни професионалци од тренажниот процес на спортистите.

-За уплаќање на членарини и други редовни обврски кон меѓународните спортски федерации

-За плаќање на кирии за простории за работа на федерацијата, не повеќе од 10 осто од средствата, или отплата на кредит за купување на сопствени простории на федерацијата, не повеќе од 20 осто од добиените пари. Доколку се купат простории за федерацијата со средства од овој извор, истите не смеат да се стават под хипотека (освен хипотека кон банката за купување на самиот објект) и несмеат да се продадат најмалку 15 последователни години. Ова со цел спречување евентуални злоупотреби.

Средствата ќе може да се користат и за:

-Финасирање на врвни спортсти по посебен прецизен правилник поминат низ јавна дебата за колективните и за индивидуалните спортови, а притоа да се искористат не повеќе од 30 осто од средствата. Повторувам дека сите овие ограничувања и проценти ќе бидат преиспитани низ јавна расправа.

-Финасирање на надоместок на работата на членовите на извршното тело, во висина од неповеќе од една просечна месечна плата на ниво на државата, и неповеќе од 9 луѓе членови на извршниот орган, од оваа сметка. Ако сакаат да имаат повеќе членови или повисоки надокнади, средствата ќе треба да ги обезбедат од други извори. Односно доколку постои интерес и потреба за повисоки хонорари ќе се овозможи и тоа, но тогаш тоа треба да се надомести од редовната сметка на федерацијата.

-Ќе може да се користат и за финасирање на вработена администрација со полно работно време во федерацијата, неповеќе од три лица од овие средства и неповеќе од една просечна плата за лица кои имаат завршено средно образование, и две просечни плати за лица со високо образование и над 5 години работно искуство. Нема да биде дозволено вработените да се во роднинска врска со ниту еден член на извршното тело до второ колено по сите линии. Повторно ќе кажам, ако сакаат повеќе да ги платат тоа нема да се спречи, но ќе треба да е од други извори од редовната сметка.

-Со цел да се оневозможи непотизам и капитално здружување со цел нарушување на принципите на работа, членовите на извршното тело и секретарот ќе се оневозможи со закон  да се во роднинска врска по сите линии до второ колено со претседателот на федерацијата, ниту пак нивни компании да се капитално, или управувачки поврзани. Членовите на извршното тело не треба да се вработени или членови на управувачки органи во компанија во која доминантна сопственост има претседателот на федерацијата.

-Претседателот и членовите на извршното тело на федерацијата, не би требало да имаат сопственички удели, или да се дел од оснивачките здруженија  во спортските клубови за кои тие се надлежни, или лица капитално, роднински и управувачки поврзани со нив. На пример, непријатно е сопственик на клуб или негов брат да е истовремено претседател или член на извршното дело на федерцијата.

-Бидејќи станува збор за поголема сума на средства, ќе се воспостави механизам и правила за надзор на трошењето. Најмалку еднаш во три години сите федерации кои ќе добијат срества ќе имаат контрола на искористувањето на средствата на таа посебна сметка. Ќе се предвидат законски казни за одговорните лица во федерациите доколку незаконски се користат средствата, додаде Груевски.

Истовремено, потенцираше тој, ќе се подигне и нивото на професионален кадар во извршните тела на федерациите. Во секое извршно тело на секоја федерација ќе се предвиди со закон да мора да членуваат најмалку два дипломирани правника, и најмалку два дипломирани економиста што ќе помогне во квалитетот на располагање на средствата.

Со ваквата мерка, според Груевски, ќе се обезбедат повеќе средства за професионалниот спорт, за спортските федерации МОК, но и ќе се обезбеди ред и во нивното функционирање.

-На овој начин ќе се влијае на подобрување на перформанските што ќе придонесе и до развој на спортот во државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top