| четврток, 6 декември 2018 |

Неговиот адвокат потврди: Шумахер не може да оди

shumi

Еден од тимот на адвокати на Михаел Шумахер, Феликс Дан, пред судот открил детали кои нема да ги израдуваат бројните фанови на 47-годишниот шампион во Формула 1.

Дам говорел за здравствената сосотојба на Михаел и рекол дека Шумахер не може да се движи, ниту со помош на терапевт.

Адвокат пред судот говорел за здравјето на поранешниот возач на судската парница која била одржана откако правниот тим на Шуми поднел тужба против магазинот „Бунте“ заради нивниоте објави дека Шумахер се опоравува и дека може да оди.

За потсетување, Михаел се повреди на 29 декември 2013 година, на скијање во француските Алпи. Речиси шест месеци тој се наоѓаше во вештачка кома, а од септември 2014 година се наоѓа на домашно лекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top