| четврток, 6 декември 2018 |

Гвинет Палтроу на суд поради нелегална градба

Холивудската актерка Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Крис Мартин подигнале околу својот имот поставиле ограда висока речиси 3 метри за да се заштитат од љубопитните погледи, а тоа го налутило нивниот сосед кој ги пријавил за противзаконска градба.

Имено, законот дозволува ограда со висина до 1,8 метри, а на тој пропис не се придржуваа ниту останатите жители на овој престижен кварт, како Харисон Форд, Оливер Стон и други.

Гвинет Палтроу поради тоа се најде под истрага на инспекторатот за градби и безбедност , а доколку докажат дека оградата е непрописно исградена ќе мора да ја отстрани и да плати казна од 9.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top