| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Србија нема да крева огради на своите граници

aleksandar-vucic

­ Србија нема да крева огради на границите, но нема ни да биде собиралиште за бегалци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за државната телевизија РТС.

– Министрите за внатрешни работи и за труд, Небојша Стефановиќ и Александар Вулин, како и неколкумина други, кои јас доста ги почитувам и коишто се борат за Србија, бараат да поставиме огради. Само јас сум против. Но, Србија сепак нема да биде „паркинг“ за бегалци – ­ изјави Вучиќ кој додаде дека во Србија има 6.500 мигранти, од кои 81 отсто се од Авганистан. ­

– Тие момчиња се многу агресивни, прават проблеми, најмногу во Белград. Сѐ почесто ги фаќаме и како крадат. Нема да преземаме репресивни мерки кон нив, но треба да бидеме внимателни. Бројот сѐ повеќе се зголемува. Србија не може да прими повеќе емигранти зашто тие, кои се веќе на нејзина територија, не продолжуваат понатаму кон ЕУ – рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top