| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Сè уште е рано за пофалби, ни претстои долга и тешка сезона

gvardiola-1

Манчестер сити игра фантастично оваа сезона, победувајќи на сите досегашни дуели од Премиер-лигата. Веднаш стигнаа пофалби од фудбалскиот свет за формата на „граѓаните“, но менаџерот Гвардиола смета дека нема потреба од такво нешто, затоа што знае дека неговиот тим ќе има и падови оваа сезона.

– Ќе биде навистина тешко оваа сезона за Манчестер сити. Имаме многу работа, нешто треба да се корiгира во тимот, а уште сме почеток на сезоната. Сè уште не сме воиграни. Секој нареден меч треба да го одиграме подобро од претходниот. Многу сум задоволен од тимот, но знам дека и ќе губиме на дел од натпреварите. Победивме на сите пет натпревари во Премиер–лигата и светот испраќа убави зборови за нас. Знам што се случува кога тимот не победува и подобро е сега да не обрнуваме внимание на пофалбите – истакна Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top