Актуелниот шампион во Бундес – лигата, Баерн Минхен, се соочува со големи проблеми, откако на дуелот со Инголштад се повреди Даглас Коста. Тој го започна натпреварот од клупата за резерви, но влезе во игра во вториот дел и брзо го напушти теренот во 83. минута. По лекарските прегледи е утврдено дека има повреда на мускулот на десната нога. Во текот на наредните денови ќе бидат направени дополнителни анализи и ќе биде познато колку време ќе отсуствува Даглас Коста од фудбалските терени.
Тој го засили тимот од „Алијанц арена“ минатата сезона и во дресот на „баварците“ одигра вкупно 43 натпревари, постигнувајќи и седум погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.